|
Откако лани McLaren го промовираа „задниот“ Ф-канал кој влијаеше врз струењето на воздухот кон задното крило, според германскиот „Ауто мотор унд спорт“, Mercedes за наредната година...

подготвува преден Ф-канал, кој се наоѓа на носот од болидот.
Плановите и тестирањата на новите делови за болидите за наредната сезона започнаа, а покрај Италијанците од Маранело, со тестирањаа започнаа и Германците од Бракли. Водени од идејата на McLaren со Ф-каналот од минатата сезона, Mercedes подготвува преден Ф-канал. Имено, бенефитот кој што Британците од Вокинг го добија со Ф-каналот беше од круцијално значење, а нивната предност во првата половина од сезоната резултираше со водство на Хамилтон и Батон наизменично во генералниот поредок.
Водени од таквиот успешен проект на McLaren, инженерите од Mercedes подготвиле Ф-канал на носот од болидот, кое создава струење на воздухот надолу кон крилото. Ваквата идеја е со цел подобро да се насочува турбулентниот воздух кон подот на болидот.
Она што е уште пофасцинантно од идејата на Германците е што нивниот Ф-канал, во споредба со оној на Британците не функционира мануелно, со што истиот е целосно легален. Колку за потсетување, Ф-каналот на McLaren од минатата сезона беше активиран со ногата на возачот, додека во продолжениет од сезоната Ferrari и Renault „извадија“ Ф-канали кои беа рачно активирани.
Сепак, тајната на Mercedes многу брзо беше откриена, откако Мартин Витмарш прокоментира околу новината на нивниот болид, но потсети дека и другите тимови веќе работат на болидите за наредната сезона.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|