|
Како во Ferrari да им дојде преку глава од Фелипе Маса... Претседателот на тимот од Маранело испрати предупредување до својот бразилски возач дека наредната сезона ќе треба да се докаже,...

доколку сака и понатаму да остане во тимот.
По враќањето од повредата од Унгарија, Фелипе Маса е далеку оној возач од пред три сезони, кога беше вистинскиот предводник на Ferrari. Неговиот камбек во Ф1 е проследен со целосна засенетост од неговиот тимски колега овие две сезони, но Монтеземоло иако претходно многу пати изрази безусловна поддршка до Маса, овој пат поддршката е условена со докажување наредната сезона.
„Да се надеваме дека се ќе оди како што треба наредната сезона,“ - изјави Монтеземоло за „Ла газета дело спорт“. „Јас имам голема доверба во нашите возачи и знам дека ќе бидеме далеку подобри со новиот болид. Алонсо и Маса? Верувам во нив. Со Алонсо имаме договор до 2016 и среќен сум поради тоа бидејќи тој е најдобриот возач на денешницата.“
„Што се однесува до Маса, тој има договор уште за наредната сезона. Фелипе е со нас веќе неколку години, но поради недостиг на среќа не успеа да стигне до посакуваната цел. Како и да е, не смееме да ги заборавиме неговите возачки способности бидејќи до пред три години тој беше возачот кој се бореше за секоја победа.“
„Да се надеваме дека ќе ја заврши сезоната со добар резултат во Бразил, а подоцна очекуваме добри резултати од него во 2012. Откако ќе заврши сезоната ќе одлучиме што ќе правиме. Ајде да речеме дека треба да се докаже во 2012.“
Исто како и своите инженери, така и Монтеземоло верува дека најголемата грешка на Ferrari изминатите сезони е што не превземале ризик при дизајнирањето и развојот на болидот.
„Од максимална оценка - десет, јас би дал само пет за мојот тим. Можеби шест, само поради победата на Силверстоун за 60 годишнината од првата победа во Ф1. Но не треба да заборавиме дека започнавме очајно, не ги интерпретиравме правилата онака како што треба и што е најважно, не превземавме ризик.“ - заврши Италијанецот.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|