|
27.11.2007 |
Следната локација за Гранпри во Формула 1 би можела да
биде Србија. Претседателот на FIA, Макс Мозли го посетил Белград каде разговарале со
премиерот Воислав Коштуница за изградба на патека.
Во објавата е наведено дека проектот ќе се одвива во
соработка со Автомото сојузот на Србија кој веќе е член на Светската
асоцијација на автомобилски клубови чив претседатал е Мозли.
Нема подетални информации за проектот, како кога ќе се
стартува со изградба на патеката за Формула 1, но целата работа влева надеж за
Србија бидејќи минатата годдина и Берни Еклстоун исто така го посети Белград и
разговареше со Коштуница за место во календарот на Ф1.
Коштуница во својата изјава става акцент на важноста на
проектот за развој на мотоспортот во Србија и развојот на туризмот преку кој се
очекува промоција и на државата.
Во разговорот помеѓу Мозли и Коштуница станало збор и за
иднината на Милош Павловиќ кој е најпроминентниот возач на Србија. Дваесет и
пет годишниот Павловиќ е спонзориран од Нафтената индустрија на Србија и од
српскиот телеком.
Павловиќ годинава се натпреваруваше во Светската серија
на Renault и ја заврши сезоната на трето место.
|