|
04.06.2008 |
Макс Мозли продолжува да ја извршува функцијата
претседател на FIA, Светската федерација на автомобилски клубови, откако ги
доби гласовите на членовите на собранието.
Вонредното собрание на FIA кое се
одржа вчера на тајно гласање изгласа доверба во Мозли и тој го продолжува
својот мандат. Од вкупниот број на гласови, вкупно 169 дури 103 изгласаа
доверба за 68 годишникот кој беше инволвиран во секс скандал, односно во
медиумското откривање на неговиот приватен сексуален живот.
Педесет и пет члена на собранието гласале за оставка на
Мозли, додека 11 гласа биле прогласени за воздржани и неважечки.
Мозли вети дека нема повторно да се вклучи во трката за
избор на претседател на FIA, ниту пак ќе бара реизбор по истекувањето на неговиот
мандат идната година.
Во меѓувреме Мозли започнува судска битка против жолтиот
магазин News of the World кој ја наруши неговата
приватност и во етер го пушти видеото со експлицитни содржини во кое главната
улога ја носи претседателот на FIA.
Стартот на судскиот процес против News
of the World е закажан за месец јули.
|