„Ниту една контрола на тракција не е ебезбедна на мокро,”
Макс Мозли ги уверува возачите кои се плашат дека укинувањето на контролата на
тракција во Ф1 ќе го напрaви спортот поопасен.
Возачите во Формула 1 се пожалија во FIA дека
отсуството на контрола на тракција во 2008 и понатаму ќе ги загрози нивните
животи на мокра патека и дека за оваа одлука би требало да се размисли уште
еднаш.
Дејвид Култард верува дека започнувањето на дијалогот
сега е многу попродуктивни отколку возачите да почант да се жалат откако ќе
стартува првата трка од сезоната. На исто мислење е и возачот на Ferrari,
Фелипе Маса.
Џенсон Батон пак потестува дека: „Немаше да
можеме да се тркаме на патеката Фуџи во 2007 доколку болидите немаа контрола на
тракција. Таму болидите ќе се извртуваа и на правец.”
Макс Мозли пак од сите овие забелешки заклучува и
потсетува дека тркањето на мокро одсекогаш било опасно и додава дека со
отсуство на контрола на тракција трките ќе бидат уште побезбедни. Спротивно на
она што го мислат возачите.
Имено Мозли аргументира дека без контрола на тракција
возачите ќе возат со многу пониска брзина од онаа што е потребна за болидот да
изгуби контрола и на крајот да заврши во сигурносните бариери. Според него
контролата на тракција им дава лажно чувство на семоќност кое на крајот
доведува до инцидент, а не отсуството на некаков електронски систем.
„Точно е дека ќе биде потешко да се вози на мокро, но
возењето на мокро одсекогаш било тешко,” додава Мозли. „Луѓето треба да се
потсетат дека дури и најслабиот возач во Формула 1, ако воопшто постои таков е
сеушта возхитувачки добар во она што го прави, а тое е управување со Ф1 болид,”
завршува Мозли.
|