|
12.07.2007 |
Шефот на McLaren, Рон Денис конечно го оствари ветувањето и му ја покачи
платата на Хамилтон откако дебитантот стигна до половина од сезоната како лидер
во генерален пласман.
Импресивниот и неверојатно постојан гуштер ја почна
сезоната со договор од околу 400.000 долари за година и 10.000 долари бонус за
бод.
Но, сето тоа се смени. Од ГН на Велика Британија, Хамилтон
го заработи првиот милион. Причината е клаузула во неговиот договор според која
доколку ја заврши првата половина од сезоната на врв добива бонус 2,3 милиони
долари.
И тоа не е сé. Доколку освои
уште 50 бода во осанатите 8 трки до крајот од сезоната, според договорот
платата на Хамилтон ќе се искачи на 4 милиони долари и тоа без бонусите што ќе
следат доколку стане светски шампион.
Браво за Хамилтон.
|