Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
На Хамилтон му се насмевнува нов договор
02.12.2011

Не постои сомнеж кај Луис Хамилтон дека и по завршувањето на сегашниот договор по крајот на наредната сезона, тој и понатаму ќе остане дел од тимот во Вокинг. Британецот во моментов...

hamilton-lice-1-2011-1

е фокусиран само на развојот на новиот болид за 2012, со кого се очекува McLaren да биде уште посилна опозиција на Red Bull.

Лошата сезона која е зад Хамилтон беше причина за шпекулациите кои го поврзуваат со тимот на Red Bull, особено по средбата со Хорнер за време на викендот во Канада. Сепак, крајот на сезоната го одбележа токму враќањето во форма на Британецот, според кого заминување од McLaren е надвор од сите негови планови поврзани со иднината.

„Се наоѓам во тимот во кој што посакувам да бидам. Работите се подобруваат и сакам да продолжиме со истото темпо и по истиот пат,“ - изјави Хамилтон. „Мојата иднина во McLaren никогаш не била под знак прашалник и поради тоа не постои причина да се преговара за да се демантираат гласините. Јас сум единствено фокусиран на наредната сезона.“

Запрашан дали ќе остане во McLaren и по завршувањето на моменталниот договор, тој одговори: „Да, убеден сум дека ќе останам во тимот.“

„Мартин Витмарш веќе разговараше со мене за можноста да го продолжиме договорот и поради тоа знам дека во блиско време ќе седнеме на маса и ќе ја завршиме и таа работа. Но мене тоа не ме засега, бидејќи јас сум комплетно насочен кон наредната сезона.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook