|
05.12.2007 |
Плановите за 2008 и за Renault и за
Алонсо се очекува да бидат обелоденети наскоро. Всушност како последен ден за
расветлување на иднината на двете страни се очекува да биде понеделник.
Иако е познато дека Red Bull, Honda и Toyota сеуште се
обидуваат да ги обезбедат услугите на двократниот светски шампион за следната
година, шпанскиот дневен весник Diario AS, како краен
датум за расветлување на преговорите меѓу Алонсо и Renault го наведе
10 декември.
Утре Renault ќе се појави пред Светскиот совет за мотоспорт во
Монако, обвинет за шпијунирање на тимот на McLaren. Се верува
дека Алонсо кој го напушти тимот на Рон Денис по непредвидливата сезона,
намерно ја одложува одлуката за враќање во тимот на Renault, бидејќи го
чека исходот од сослушувањето.
|