Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Наскоро Кубица се враќа на патеките
27.10.2011

Откако стана повеќе од очигледно дека Роберт Кубица нема да биде доволно опоравен за настап со Renault на барем една трка оваа сезона, неговиот доктор најавува негово целосно опоравување...

kubica-fanovi-1-2011-1

за неколку месеци.

Полјакот ја пропушти речиси цела сезона од 2011, откако во Февруари настрада на рели во Италија, заработувајќи неколку сериозни скршеници, поради кои беа направени неколку хируршки зафати. Сите во неговиот тим го очекуваат неговото враќање, за кое Ерик Булие се надеваше дека ќе биде на последната трка во Бразил, но неговиот доктор соопшти лоши вести за Французинот.

Според докторот Чекарели, прогресот кој што Кубица го покажува е бавен, но неговата цел е што поскоро враќање на Ф1 патеките.

„Нашата цел е да го вратиме Роберт во Ф1,“ - појасни докторот Рикардо Чекарели. „Но сеуште ни недостигаат неколку месеци на рехабилитација. Раните од несреќата беа многу големи и многу мои колеги и специјалисти отфрлија негово враќање во Ф1.“

„Сепак клинички, тој е се подобар и подобар и се надевам дека ќе го видам во 2012 како настапува во Ф1.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook