Get Adobe Flash player
Нема надеж за Ф1 тимот на Honda
30.12.2008
honda-f1.jpgКарлос Слим Хелу го отфрли шпекулациите дека го купува тимот на Honda во Формула 1. Honda мора да продолжи да бара купувач доколку сака нејзините болиди да возат во 2009.

Претставник за односи со јавноста на мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим Хелу негираше дека компанијата го купила тимот на Honda во Формула 1 и дека во наредните три сезони ќе стои како негова поддршка.

Ова значи дека Honda дефинитивно нема да биде дел од големиот циркус освен ако во меѓу време не најде соодветен инвеститор. Финансиската криза поради која Honda се откажа од Формула 1 во прв план сигурно нема да помогне во овој потфат.

„Нема зделка со Honda за нивниот тим во Формула 1, нема никаков договор, ниту пак, има преговори,” изјавил анонимниот претставник на Слим.

Дополнително во денешното издание на мексиканскиот дневен весник Reforma синот на Карлос Слим Хелу ги отфрла информациите дека постои било каков интерес за влез во Формула 1, нарекувајќи ги чиста шпекулација.

Мексиканскиот милијардер за сега си останува во светот на својот бизнис. Слим е вториот најбогат човек на планетата и неговото богатсво се проценува на 45 милијарди евра.

Богатството е стекнато како резултат на повеќе дејности, но основата лежи во групација Telemax која контролира 73% од телекомуникацискиот пазар во Јужна Америка.

 

 

 

Facebook