|
Тимскиот шеф на McLaren одби да одговори дали турбулентниот приватен живот на Луис Хамилтон е причината поради лошата форма во која се најде Британецот, а која беше прекината во Кореја...

и освоеното второ место.
Пол позицијата до која што стигна Луис Хамилтон беше прославена, ако воопшто може да се нарече прослава, со само неколку фотографии, без насмевка и израз на задоволство на неговото лице. Но швајцарскиот „Блик“ открива дека Никол Шерцингер, долгогодишната девојка на Британецот е причината поради неговата лоша форма и неговото нетипично однесување во Кореја.
Според швајцарскиот медиум, Хамилтон и Никол веќе подолго време функционирале „на далечина“, поради работните обврски на двајцата, но таквиот начин на функционирање на врската не и одговарало на познатата артистка, која нашла замена за Ф1 шампионот од 2008. Токму „новиот човек“, како што „Блик“ го нарекува новото момче на Шерцингер е причината за лошата форма на Хамилтон во последниот период и неговото чудно однесување во Кореја.
„Механичарите на McLaren се разочарани од Хамилтон бидејќи тој многу ладно ги третираше во Кореја,“ - прокоментира дописникот Роџер Беноа. „Според нив, тој се однесувал како мало дете.“
Но иако медиумите му ја лепат етикетата - осамен, Хамилтон викендов потенцираше дека добива голема поддршка од неговото семејство, дури и од неговиот татко Ентони, со кого не беа во најпријателски односи во последните две сезони.
Во негова одбрана излезе и тимскиот шеф Витмарш, според кого Хамилтон е голем професионалец, но сите прашања за неговиот приватен живот треба да се упатуваат до возачот на McLaren.
„Луис е голем професионалец. Приватниот живот? Мене ми кажа дека е среќен во моментов, но таквите прашања треба да му ги поставите него, не на мене.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|