|
Дизајнерот на победничките болиди во тимот на Red Bull, Адриан Њуи, не сакаше да ја отфрли можноста дека тој ќе ја заврши својата Ф1 кариера во Ferrari. И покрај проблемите на тимот од Маранело…

да го постигне перформансот на Red Bull, се претпоставува дека висока откупна сума од страна на Ferrari не би можела да биде одбиена.
Во меѓувреме, Британецот Њуи изјави дека е среќен во тимот на Red Bull.
„Во текот на мојата кариера, јас променив неколку тимови, но сега сум среќен во тимот на Red Bull. Не можам да се видам себеси во ниту еден друг тим.“ - изјави Њуи.
Но, Њуи не ја отфрли можноста еден ден да заврши во тимот на Ferrari.
„Незнам каде ќе заминам во иднина. Немам идеја. Неколку тимови се заинтересирани за моите услуги, а кога мојот проект со Red Bull ќе заврши - ќе ги разгледам понудите.“ - додаде Њуи.
„Доколку би работел нешто друго, тоа ќе биде потполно различно од Ф1.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|