|
26.03.2008 |
Берни Еклстоун откако обзнани дека Малезија конечно се
согласи да ја осветли патеката во Сепанг со рефлектори за 2009, се надева дека
ќе ги убеди и Кина и Јужна Кореа да го направат истиот потег.
„Ќе разговареме со одговорните лица во Кина и ќе видиме
што ќе произлезе од разговорот,” изјаво Еклстоун по завршувањето на трката за
Големата награда на Малезија.
Првата ноќна трка во Формула 1 ќе се одржи во септември
во Сингапур, за во Јужна Кореа останува датумот во 2010 година кога ќе се
приклучи на календарот, но убедувањата за ноќна трка почнуваат уште сега.
„Јасно е дека кога ќе се тркаме во Јужна Кореа би било
убаво тоа да биде ноќна трка,” дополнува Берни и уверува дека ноќните трки во
Азија драстично ќе ја зголемат гледаноста на Формула 1 во Европа.
Еклстоун призна дека не успеал да ја убеди Австралија за
одржување на ноќна трка, но очигледно е дека со толку многу нови потенцијални
клиенти на повидок земјата на кенгурите воопшто и не му е потребна на 77
годишниот британец.
Нормално кога веќе ги убеди властите во Малезија на нивни
трошок да ја осветлат патеката во Сепанг и да го пролонгираат стартот на трката
за 7 часот попладне, односно навечер.
|