|
Неколку денa откако Светскиот совет за мотоспорт го состави новиот правилник за техничките правила во Формула 1, FIA ги објави техничките детали во врска со новиот мотор кој ќе се користи од 2014.

FIA потврди дека новиот мотор ќе има максимален број од 15 000 вртежи во минута, а тоа претставува отстапување од планираните 12 000 вртежи во минута. FIA ja направи промената со цел да се зачува автентичниот звук на Ф1.
„Параметрите се подигнати од 12 000 на 15 000 вртежи во минута, и со тоа на инженерите им се овозможува поголема флексибилност при работата со моќноста на моторот. Звукот ќе биде променет поради промената на архитектурата на моторот, но повторно ќе биде карактеристичен за Ф1.“ - стои во соопштението на FIA.
Освен новиот број вртежи на моторот, новите мотори ќе имаат и електронска регулација на дотокот на гориво.
„Одлуката за лимит на протокот на гориво останува. Технологијата е иста, но зголемениот број вртежи ќе предизвика поголеми напори кај инженерите за зголемување на ефикасноста на моторот.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|