Get Adobe Flash player
Новите правила на FIA се легални
22.05.2009
fia-f1-sauber-1.jpgСудот во Париз пресуди во полза на FIA отфрлајќи ја тужбата на Ferrari кој се обиде преку судcки пат да ги оспори новите правила на FIA за 2010 за ограничување на буџетот на тимовите во Ф1.

После едно часовно сослушување во Tribunal de Grande Istance во Париз, што кај нас еквивален e Уставен суд резултираше во пресуда со која производителот од Маранело воопшто не е среќен.

Според изјавата дадена од судот во Париз, врховниот судија разгледувајќи го предметот не нашол ниту една причина со која правилата на FIA за 2010 го спречуваат Ferrari да учествува во следната сезона.

Токму затоа судот прогласува дека правилата донесени од страна на FIA се целосно легални и дека тужбата доставена од Ferrari е неоснована.

Откако го изгуби овој прв спор против FIA, Ferrari најави дека легалната битка нема да застане тука и дека како секаде во светот има право да ја обжали донесената одлука на судот во Париз.

Ferrari кој е збеснат поради рестрикторските правила на FIA за 2010 jaвно е обвинет за себичност и за драматично искалување на бес против врховното спортко автомобилистичко тело.

Што се однесува до постапките што Ferrari планирa да ги спорведе во иднина ќе слушаме уште. Но, една изјава на Кими Раиконен уверува дека годинава ќе биде последна за тимот од Маранело.

Раиконен во разговор со новинарите по завршување на судската постапка навел дека е „прилично сигурен” дека тимот нема да се натпреварува следната сезона.

Дополнивајќи дека сака да остане со тимот во 2010, но според начинот како се одвиваат работите тој најверојатно ќе замине од Формула 1 и ќе се натпреварува во друга серија.

 

 

 

Facebook