Get Adobe Flash player
Новите правила во Ф1 ќе го подобрат спортот
09.01.2008
nick-heidfeld.jpgОва е изјавата на возачот на BMW-Suber, Ник Хајдфелд кој верува дека измените во правилата директно ќе влијаат на Светскиот шампионат во Формула 1 во 2008.

Хајдфлед во интервјуто за својата интернет страница вели дека е нестрплив на првата трка од сезоната во Мелбурн, Австралија да го види ефектот од силните забрани за дополнителна помош на возачот во смисол на електронските помагала како што е контролата за старт.

„Во минатото имавме контрола за старт или слично помагало, токму затоа стартовите беа прилично предвидливи. На почетокот Renault секогаш имаше фантастичен старт, но потоа ние му се приклучивме,” истакнува Хајдфелд.

„Пред повторното воведување на контролата за старт беше многу лесно да се стекне или да се изгуби предноста на старт. Затоа годинешната сезона ќе биде многу поинтересна.”

Воедно Хајдфелд верува дека отсуството на контрола на тракција исто така ќе го направи спортот многу повозбудлив.

„Ќе има многу пролизгувања и излегување од свијок со слајдинг, ќе биде многу полесно да се направи грешка што ќе резултира во повеќе престигнувања, посебно кога се вози под притисок,” додава Хајдфелд.

 

 

 

Facebook