|
Познато е дека речиси секој викенд, некој од возачите изненадува со нов, нетипичен изглед на неговата кацига. Но во Индија, освен што изненади, Хамилтон остави многу фанови...

да се запрашaат од каде излезе Боб Марли на неговата кацига.
Хамилтон го „смести“ легендарниот јамајкански реге изведувач на својата кацига и зборовите „One love“, по истоимената негова песна. Многумина почнаа да шпекулираат дека натписот на неговата кацига и ликот на Боб Марли се должи на раскинувањето со Никол Шерцингер, кое вчера Хамилтон им го соопшти на медиумите.
Според некои шпекулации, натписот со песната на Марли се должи поради стиховите: „Let's get together and feel all right.“ кои се составен дел од големиот хит на Јамајканецот. Преку таквата скриена порака, новинарите во падокот шпекулираат дека Британецот се обидува по трет пат да се смири со својата долгогодишна девојка.
Запрашан дали натписот содржи скриена порака кон Никол Шерцингер, Хамилтон одговори: „На таквото прашање оставам вие самите да одговорите. Истото е напишано да ве тестирам колку сте добри во тоа.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|