|
Потврдено! Во 2013 година болидите во Формула 1 ќе носат четири цилиндрични трубо мотори кои ќе имаат зафатнина од 1.6 литри со што ќе бидат заменети постоечките V8 мотори од 2.4 литри.

Новите правила кои ги донесе Светската федерација на автомобилски клубови FIA велат дека моторите за во 2013 година ќе имаат ограничување на бројот на вртежи на 12.000 врт/мин.
Овој број на вртежи е за 50% понизок од оној на актуелните мотори кои се способни да се вртат до 18.000 врт/мин. Новите технички правила на FIA се грижат и за екологијата.
Според информацијата која доаѓа од законодавното тело на Формула 1 новите мотори гарантираат намалување на потрошувачката за околу 35% и воедно гарантираат за исто толку проценти намалување на емисијата на СО2.
Новите правила воедно ги ограничуваат тимовите да можат да користат пет мотори за една сезона, правило кое подоцна ќе се смени на само 4 мотори во една сезона. Во моментот тимовите имаат право на 8 мотори во една сезона.
Познавачите тврдат дека измените нема да донесат значителни промени во поглед на моќноста и динамиката на болидите во Формула 1. Имено 1.6 литарците турбо мотори ветуваат подеднакви, ако не и подобри перформанси во иднина.
Дополнително правилата наведуваат задолжително користење на KERS, a моќноста на почеток би варирала меѓу 600 и 750 КС. Понатаму се очкуваат и подетални информации.
|