|
Светскиот шампион од 2007 се враќа во Ф1! Откако долго време се шпекулираше за негово враќање во тимот на Williams, сепак Lotus Renault е тимот кој обезбеди потпис на договорот за Финецот...

со важност од две години.
Се поизвесното неопоравување навреме на Роберт Кубица го примора тимот од Енстоун да бара друга квалитетна алтернатива, а подобра од Кими Раиконен во моментов се чини дека и да сакаа немаа да најдат. Утрово, на официјалната веб страница на тимот, беше потврдено дека Раиконен потпишал на две години, а заедно со информацијата стигна и првото соопштение и фотографија на златно-црниот тим.
„Пресреќен сум што се враќам во Ф1 по двегодишна пауза и благодарен сум им на Lotus Renault кои ми ја овозможија оваа прилика,“ - напиша Раиконен. „Не можам да демантирам дека светскиот рели шампионат беше едно скалило во мојата кариера која ме направи подобар возач, но мојот глад за Ф1 стана неподнослив.“
„Lotus Renault беше лесен избор за мене, бидејќи нивните и моите амбиции се совпаѓаат. Со нетрпение го очекувам стартот на зимските подготовки, каде што се надевам дека ќе допринесам за подготвување на болид кој ќе не смести на врвот од поредокот.“ - заврши Финецот.
Со неговото враќање, наредната година за прв пат во историјата на спортот ќе следи шест Ф1 шампиони во една сезона.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|