|
Еднаш во 2007 си беа едни двјаца тимски колеги кои воопшто не се поднесуваа еден со друг... Така би бил сигурно почетокот на некоја замислена приказна за ривалството помеѓу Фернандо Алонсо и...

Луис Хамилтон, кое во неделата беше „зачинето“ со топла прегратка.
Шпанската „Ла Стампа“ се сомнева во ривалитетот помеѓу двајцата поранешни тимски колеги од McLaren, шпекулирајќи дека постои пакт помеѓу нив за симнување на Фетел од победничкиот пиедестал.
Имено, по сезоната 2007 каде што и на двајцата титулата за влакна им избега, заладените односи останаа и во сезоните подоцна. Дури на неколку пати преку медиумите двајцата си кажаа се што си имаа за кажување, а последниот таков момент беше минатата сезона во Валенсија, каде што Хамилтон го претекна безбедносното и медицинското возило, а за тоа заработи само казна со поминување низ боксовите, нешто на што Алонсо фуриозно реагираше.
Сепак, како доминацијата на Фетел да го „стопи“ ривалитетот помеѓу нив двајца, па така, откако и Хамилтон и Алонсо завршија на подиумот во Абу Даби, не штедеа зборови да си се пофалат меѓусебно.
„Уживам кога се тркам со Алонсо бидејќи тој е еден од најдобрите возачи на денешницата,“ - истакна Хамилтон.
На таквиот комплимент Алонсо возврати дека Хамилтон бил недостижен во Абу Даби, дополнувајќи се на претходната изјава во која потенцираше дека Британецот е најбрзиот возач во моменталниот возачки поредок.
Ваквата „скриена љубов“ помеѓу Шпанецот и Британецот, коресподентот на „Ла Стампа“ ја нарече „пакт против Фетел“, објаснувајќи дека и на двајцата, единствената цел им е да го симнат Фетел од тронот, по речиси две години доминација.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|