|
09.07.2007 |
Победата на Раиконен во Британија имаше карактер на
владеење. Неприкосновената контрола над трката, условите на патеката и
тактиката не потсетија зошто го нарекуваме Лeдениот човек.
Изгледаше застрашувачки од самиот старт. Ги надвози
пулените на McLaren, изедначувајќи ја брзината со Хамилтон на почеток полека
почна да притиска и наметна темпо кое неможеше да се следи.
Фасцинантна трка за Кими, но и многу поучна.
Кими научи дека доколку битката за шампионската титула се
сведе на двобој меѓу него и Хамилтон треба да очекува тежок противник кој не се
плаши жестоко и безмилосно да ја брани својата позиција нешто налик на Шуми.
Исто така Хамилтон не прави грешки – пропустот во питстоп
беше мало потклекнување и најверојатно нема да се повторни, а ниту McLaren нема да
биде олку слаб.
Раиконен досега научи дека талентот единствено нема да му
помогне во трката по титула. Тестираше долго и напорно пред Силверстон и
резултатот дојде само по себе.
Трката за ГН на Британија е најава за она што следи во
остатокот од сезоната. Нападот на Кими почна токму тука. McLaren треба да
биде загрижен.
|