|
ROC или „трката на шампионите“ ќе биде повторно нова можност за одмерување на силите помеѓу најголемите ѕвезди во мотоспортот. Последното име кое што се вклучи на листата на учесници на...

ова натпреварување е Витали Петров, кој ќе им се спротистави на своите колеги од Ф1.
Дизелдорф повторно ќе биде местото кое што ќе ги пречека најголемите имиња од мотоспортот, а оваа сезона повеќе имиња од Ф1 ќе бидат присутни во германскиот град. Покрај стандардните Михаел Шумахер и Фетел кои ќе ги бранат боите на Германија, присутни ќе бидат и Џенсон Батон, но и Роман Грожан.
„Уште од многу одамна го следам ова натпреварување, каде што возачите доаѓаат за забава, иако притискаат до максимум. Ќе биде голема чест да бидам првиот Русин кој ќе настапи овде,“ - потенцираше Петров. „Никогаш не сум се натпреварувал со вакви автомобили, но се надевам дека моето скромно искуство од релијата и тркањето на мраз ќе ми помогне.“
„Ќе го дадам максимумот од себе, па ќе видиме што ќе се случи на крајот.“
Овогодинешната „трка на шампионите“ ќе се одржи на трети и четврти декември, на истото место од минатата година - Дизелдорф.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|