Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Победата е нов старт за Хамилтон
14.11.2011

По доминантната победа во Абу Даби која е прва по онаа во Германија, Хамилтон се надева дека истата претставува нов почеток за него во неговата кариера, по тешката сезона исполнета со многу инциденти.

hamilton-pobeda-2-2011-1

Британецот успеа да го искористи киксот на Фетел на стартот на трката и во продолжение ниту во еден момент не беше загрозен од Фернандо Алонсо, кој заврши зад него. Хамилтон се надева дека третата победа оваа сезона наговестува подобра наредна сезона.

Запрашан дали е назад на вистинските патеки, Хамилтон одговори: „Не знам, сеуште е рано да се каже, но ова е дефинитивно нов старт. Пред нас претстои уште една многу добра трка во Бразил, па се надевам дека ќе ја задржиме добрата форма, иако се може да се случи до тогаш. Како и да е, од сега јас сум фоксуран само на трката во Интерлагос.“

Иако не беше ниту еднаш загрозен од Алонсо, Хамилтон истакна дека неговиот поранешен тимски колега постојано притискал, не оставајќи го да „здивне“.

„Се најдов во чудна ситуација, да одржувам водство, а не да бркам. Но болидот достави одличен перформанс и можев да ја одржувам разликата и во моменти кога Фернандо беше побрз од мене. Среќен сум со епилогот од целата трка.“

„Ова беше една од моите најдобри победи во кариерата. Успеав зад себе да задржам еден од најдобрите возачи на денешницата, да внимавам на пневматиците и да ја одржувам разликата на нормално ниво. Со голема насмевка го напуштам Абу Даби.“ - заврши Хамилтон.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook