Get Adobe Flash player
Последна сезона за Мањи Кур
05.03.2008
paris-aifel-tower-1.jpgГолемиот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун е дециден во своите изјави и е решен годинешната трка за ГН на Франција да се одржи последен пат на патеката во Мањи Кур.

Во една од своите најнови изјави Еклстоун најавил дека работи напорно да ја пресели трката за ГН на Франција некаде во близината на Париз. „Се надевам дека ќе успееме да направиме нешто, бидејќи не се враќаме повеќе во Мањи Кур,” вели Еклстоун.

Тој сакаше да ја пресели трката уште годинава, но не најде соодветно решение па затоа се согласи Мањи Кур да се вози и во 2008. „Владата во Франција го разбира нашиот став,” заклучува Берни.

Големиот маг во Ф1 сака во календарот да имплементира уште трки, а во неговата агенда беше зацртана и трка во Лондон, но признава дека вакво нешто никогаш нема да се случи во главниот град на Велика Британија, бидејќи властите ниту во лудило нема да дозволат.

 

 

 

Facebook