Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Потврдено: ГП Индија во 2010
16.11.2007
taj-mahal-india.jpgБерни Еклстоун потврди дека официјално е потпишан договор за да се донесе Формула 1 во втората најнаселена држава на светот, Индија. Првата трка ќе се вози во 2010.

Договорот потпишан меѓу шефот на Формула 1 и индиската компанија JP Associates вклучува градење на патека во близина на главниот град на Индија, Њуделхи.

„Индија одсекогаш била позната по манијата за крикет, но, со ширењето на Формула 1 и растењето на нејзината популарност последниве години како што прикажуваат бројките за гледаноста, работите полека почнуваат да се менуваат,” изјави Еклстоун по потпишувањето на договорот.

Со најавата дека индискиот возач Karun Chandhok наскоро ќе вози во Формула 1 и најавата за идно гранпри, според предвидувањата во Индија би требало да се случи експлозија на интерес која ќе ја поистовети Формула 1 со традиционалниот спорт.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook