|
22.11.2007 |
Ова е веста што доаѓа од Шпанија откако преговорите меѓу
двократниот шампион во Формула 1 и неговиот поранешен тим запнаа околу
должината на договорот.
Флавио Бријаторе е среќен со ваквото барање на Алонсо бидејќи
знае дека ќе го има своето златно моќе крај себе во овие тешки моменти за
тимот. Шефот на Renault, Карлос Гон одбива да разговара за помалку од три
години.
Гласините велат дека причината за ваквата реакција на Гон
е што Алонсо всушност сака договор од една година бидејќи веќе се сложил да
вози за Ferrari во 2009. Ова сценерио дефинитивно не му оди на рака на Renault.
Едно свое интервју шефот на Renault, Карлос Гон
го заврши со реченицата: „Или три години или ништо.”
|