Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Проблемите со воздушниот тунел се зад Ferrari
25.10.2011

Трката во Кореја не донесе нов подиум за Алонсо и Ferrari, но донесе автентични резултати од тестирањата во „поправениот“ воздушен тунел на Италијанците. Откако на стартот на сезоната се соочија...

ferrari-vozdusen-tunel-1-2011-1

со проблеми во неидентичноста на информациите од тестирањата во воздушниот тунел и патеката, Стефано Доменикали соопшти дека истите се веќе минато за тимот од Маранело.

Новото предно крило кое што Фернандо Алонсо го тестираше во Кореја, а кое предизвика причина за нервоза кај Шпанецот поради љубопитноста на новинарите, доставило информации кои биле идентични со оние кои што Ferrari ги добил од тестирањето на надградбите во воздушниот тунел.

Иако со новото предно крило Алонсо успеа да заврши само 10 секунди порано од Маса, Доменикали уверува дека добивката која што Ferrari ја извлече од Кореја е многу поголема од разликата помеѓу двајцата возачи.

„Информациите кои ги добивме во воздушниот тунел се поклопија со оние кои ги добивме на патеката,“ - објасни Доменикали за шпанскиот „АС“.

Имено, Ferrari работеше на решавање на проблемите во воздушниот тунел, откако во почетокот на сезоната се соочија со неидентичност на информациите од воздушниот тунел и од оние кои ги добиваа на патеката. Тогашниот технички директор, Алдо Коста, најави детална проверка и „закрпување“ на проблемите, а според последните најави од Доменикали, истите се веќе „тргнати од дневен ред“.

Исправниот воздушен тунел е добар темел за новиот болид кој е веќе во подготовка, а од кој големи очекувања полага и Фернандо Алонсо. Како што Шпанецот прокоментира, потребен му е „компетитивен болид, а не најдобар болид“, за да го освои шампионатот наредната сезона.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook