Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Раиконен е акционер во Lotus?
09.12.2011

Покрај тоа што обезбеди возачко место во тимот на Џерард Лопез, Раиконен исто така според најавите на медиумите е и акционерки партнер во Lotus. Се чини дека упорноста на Раиконен и неговите...

raikkonen-enstone-1-2011-1

менаџери за да се стигне до акции се исплатеше, откако претходно се обидоа да му „украдат“ дел од акциите на Сер Френк Вилијамс и Патрик Хед во Williams.

Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“ и италијанскиот „Италијарејсинг“ тврдат дека покрај возачкото место, Раиконен ќарил и минимален број на акции во тимот на Lotus. Според најавите на овие два медиума, Раиконен е првиот возач во последните дваесетина години кој што поседува акции во Ф1 тим.

„Раиконен е првиот возач во поновата историја на Ф1 кој поседува акции во тимот во кој што се натпреварува. Тој не успеа во таквата намера во Williams, бидејќи акциите на тимот се понудени на берза.“ - откриваат шпанскот медиум.

Ваквата идеја за влез во тимот како акционер најверојатно потекнува од браќата Робертсон, кои се негови менаџери веќе подолго време. Тие, заедно со Раиконен го основаа F3 тимот „Double R“, но исто така беа зад сопствениот тим на Раиконен со кој што Финецот оваа сезона настапуваше во светскиот рели шампионат.

Браќата Робертстон се менаџери на Раиконен уште од неговите почетоци во Ф1, а она што е занимлвио е дека двајцата добиваат 40% од приходите на Финецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook