Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Раиконен ќе биде потврден во Абу Даби?
08.11.2011

Откако во текот на вчерашниот ден Williams објави дека постигнале симулаторски договор со катарската „Мовасалат“, финските медиуми јавуваат дека договорот помеѓу Раиконен и британскиот тим…

raikkonen-2011-rb-1-2011-1

е постигнат, а неговото официјализирање ќе се случи на трката во Абу Даби, наредниот викенд.

Според финскиот „МТВ“ кој секогаш е добро информиран за случувањата поврзани со Кими Раиконен, токму Финецот ќе биде дел од возачката постава заедно со Пастор Малдонадо, а истото ќе значи заминување од тимот на Рубенс Баричело. Покрај Раиконен, обезбедена е и Катарската национална банка, која ќе биде главниот спонзор на тимот од наредната сезона, а поткрепена со новите измени во техничкиот дел од тимот и Renault моторите, Френк Вилијамс очекува неговиот тим да се издигне од „пепелот“.

Ваквите најави на медиумите сеуште не се ниту потврдени, ниту отфрлени од Раиконен, но претседателот на Williams во интервју кое го даде неодамна потенцираше дека секој би го посакал Финецот во својот тим.

„Мислам дека Раиконен е еден од најконстантните Ф1 возачи во изминатите години и секој го посакува во својот тим,“ - изјави Адам Пар.

Интересен е коментарот на шампионот од 2007 за германските медиуми пред неколку недели, во кој самиот потајно најави камбек во тим кој нема шампионски болид: „Секако дека секој посакува шампионски болид, но како што видовме оваа сезона, само еден тим го има истиот.“

Десетина дена не чекаат до трката во Абу Даби, по која ќе се знае дали Финецот ќе се врати во Ф1 и заедно со останатите пет шампиони ќе формираат поредок со рекорден број на возачи кои се „заќитени“ со шампионскиот прстен.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook