|
05.02.2008 |
Светскиот шампион во Формула 1 изјави дека ќе ја заврши
својата кариера во Ferrari, но неможе да претпостави дали тоа ќе се случи на крајот
од 2009 кога истекува договорот или подоцна.
Во секој случај Финецот повеќе не е расположен да биде
поставен на пазарот за возачи во Формула 1. Едноставно Раиконен негледа причина
да го напушти тимот на Farrari.
„Имам да одвозам уште две години според мојот договор, но
што и да се случи по истекувањето на договорот ова ќе биде мојот последен тим,”
изјавува храбро Раиконен не плашејќи се за својата иднина по заминувањето од
големиот циркус.
„Единствената извесност е дека еден ќе почувствувам
потреба да правам нешто друго. Можеби ќе возам рели, или нешто друго, кој знае.
Во основа ќе правам што сакам,” дополува тој и одбива да шпекулира за крајот на
својата кариера.
„Немам никаква идеја. Во моментов сум, каде што сум и
немам намери да сменам ниту една ситница. Кога ќе заврши договорот со Ferrari ќе имам
полни 30 години, а дотогаш има време за да одлучам што ќе правам,” завршува
Кими.
|