|
Само што се врати во Ф1, неговите испади надвор од „дозволеното“ продолжуваат. Шампионот од 2007 е повреден во трка со моторни санки во Австрија, но како што пренесеоа...

од неговиот тим, не станува збор за посериозна повреда.
По две години отсуство, Раиконен се враќа во Ф1, но неговите екскурзии по кои што беше препознатлив и во времето додека возеше во McLaren и Ferrari продолжуваат. Во потрага по дополнителна адреналинска доза, Финецот настапил на трка со моторни санки во Салбах-Хинтерглем (Австрија), а откако излетал во еден свиок, бил извлечен со помош на докторите.
„Нашиот доктор го прегледа Раиконен и утврдено е истегнување на левата рака. Поради тоа, неговата рака е бандажирана,“ - истакна портпаролот на настанот.
По излетувањето, Раиконен не настапил на трките кои следувале, а „друштво“ на Финецот му правел и Нико Хулкенберг.
Потврда за инцидентот на Раиконен дојде и од Lotus, објаснувајќи дека не станува збор за посериозна повреда.
„Само што разговаравме со Кими и нема никаква причина за грижи. Има мало истегнување на раката, поради кое можеби во понеделник ќе биде повторно прегледан и тоа е тоа.“ - соопштија од Lotus.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|