|
Шампионот од 2007 не е во потрага само по возачко место во Williams, туку сака и дел од акцискиот „колач“ во тимот. Иако многумина веќе го „седнаа“ Раиконен во болидот на британскиот тим за...

наредната сезона, неочекуван пресврт се чини дека е неофицијалното барање на Финецот и неговиот менаџерски тим.
Според многумина договорот е веќе заклучен, а други посочуваат дека сеуште се преговара. Едно е сигурно, преговори постојат, а посетата на менаџерите на Раиконен во таборот на Williams во Абу Даби е доказ за истото. Како и да е, според Џо Сујард, британскиот мотоспорт новинар, барањата на Раиконен се многу поголеми отколку само возачкото место во Williams.
„Не е толку едноставно колку што мислите. Не станува збор за обично преговарање, бидејќи наслушнав дека Раиконен и неговите менаџери побарале дел од акциите во тимот.“ - истакна Британецот.
Колку за потсетување, Williams беа активни на берзата оваа пролет, но Сер Френк Вилијамс и Патрик Хед и понатаму го имаат мнозинскиот пакет акции, а токму Вилијамс поседува најмногу од истиот.
Сепак, иако Раиконен посакува дел од акционерската главнина во тимот, „стариот лисец“ од секогаш бил познат како личност која не се „дава“ така лесно, па за неверување е дека и во овој наврат ќе ги продаде своите акции за носење на поранешен Ф1 шампион во својот тим.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|