|
25.01.2008 |
Актуелниот шампион во Формула 1, Кими Раиконен е
номиниран за престижната награда Светски спортист на годината. Но, возачот на Ferrari нема да
биде единствениот во трката по оваа титула.
Покрај него номинирани се и тенисерот Роже Федерер,
фудбалерот Кака и голферот Тајгер Вудс.
Неговиот најголем противник на патеката од минатата
сезона, вице-шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон е номиниран за подеднакво
престижната награда Отркитие на годината, додека Ferrari е предложен
за наградата Светски тим на годината.
Настанот ќе се одржи на 18 февруари во Русија кога ќе
бидат прогласени обедниците. Изборот го прави жири составено од 43 најголеми
спортисти и спортистки на сите времиња.
|