|
Првите официјални тестирања всушност и нема да бидат така први за Раиконен. Финецот откри дека во јануари ќе го тестира болидот на Renault од пред две сезони, со цел да се привикне...

на новите услови во Ф1 по неговото заминување од Ф1.
За прв пат наредната година, возачите ќе имаат можност да ги тестираат новите болиди на почетокот на февруари во Херез, се разбира, освен Mercedes кои најавија дека на првите тестови ќе настапат со стариот болид. Првата средба на Раиконен со своите поранешни колеги ќе биде токму на југот од Шпанија, но претходно Финецот ќе тестира со две години стариот болид на Renault.
„Бидејќи февруари е толку далеку, јас ќе тестирам со болидот на Renault од пред две сезони во средината на јануари,“ - откри Раиконен. „Секако, тоа ќе биде вообичаен тренинг, но истиот ќе ми биде од голема корист поради тоа што полека ќе започнам да се привикнувам на работата во тимот.“
„Покрај тоа, верувам дека подобро ќе ги разберам промените кои што настанале во Ф1 откако заминав во 2009.“
Се верува дека Финецот ќе ја искористи „дупката“ во правилата која што му овозможува да тестира со стар болид, иако тестирањата се забранети, најверојатно со старите пневматици на Pirelli.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|