Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
RB8 е тешка задача за Њуи
15.12.2011

Според, можеби најзаслужниот за успехот на Red Bull во изминатите две сезони, тој и неговиот инженерски тим ќе треба да се вратат на цртањето на новиот болид, поради измената на правилата…

newey-11-1-2011-1

за поцизионирање на издувите кое речиси во целост ќе ја промени „филозофијата“ на тимот во поглед на RB7.

Многумина тврдат дека круцијалната предност која што Red Bull во изминатите две сезони ја стекнуваше се крие токму во задниот дел, односно во ниско поставениот дифузер кој генерира огромна надолна сила, потпомогнато со мапирањето на моторот. Но од наредната сезона, FIA ги забрани ниско поставените дифузери и издуви, што според Њуи ќе го примора него и неговиот тим од „темел“ да го дизајнираат новиот болид.

„Нема да имаме поголеми промени на правилата наредната сезона, освен репозиционирањето на издувите, нешто што може да се каже дека токму ние го воведовме по големата промена на правилата,“ - објасни Њуи. „Нашите претходни болиди се темелеа токму околу тоа поле и сега буквално ќе треба да се вратиме на цртањето на новиот болид и да размислиме како да го надградиме сегашниот болид, заобиколувајќи ги ниско поставените дифузери и издуви?“

Генијалецот во редовите на Red Bull изрази сомнеж околу понеизвесната сезона токму поради промената на ова правило.

„Тешко е да се каже. Сите добро го копираа ниско поставениот дифузер заедно со ниско поставените издуви, особено McLaren. Се надевам дека ќе успееме подобро да го имплементираме новото правило на нашиот болид во споредба со нашите конкуренти.“ - продолжи Њуи. „Ова е вообичаена констатација пред зимските подготовки. Сите работат напорно и резултатите ќе се видат на првите тестирања и првите трки.“

Со Њуи се согласи и тимскиот шеф на Red Bull.

„Очигледно оваа промена ќе има ефект врз водечките тимови, но тешко е да се каже кој би бил најпогоден. Најдобро би било да почекаме и да ги кажеме првите впечатоци за време на трката во Мелбурн.“ - додаде Кристијан Хорнер.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook