|
24.06.2011 |
|
Откако FIA реши забраната на мапирањето на моторите наместо во Силверстоун да ја воведе викендов во Валенсија, од таборот на Red Bull излегоа сериозни обвинувања насочени кон FIA и Ferrari.

„Инвентивни системи како двојниот дифузер и Ф-каналот беа забранети по завршувањето на сезоните во кои истите изуми беа воведени. А сега гледаме забрана на системи на средина на сезона. Сето ова е чудно и многу сомнително.“ - изјави десната рака на сопственикот на тимот, Д-р Хелмут Марко.
„Доколку другите не можат да не копираат, бараат нашите идеи да бидат забранети.“ - обвини Австриецот во интервју за италијанскиот весник La Stampa. „Ова дефинитивно оди во полза на Ferrari, а одлуката се чини е донесена да им се даде токму нив предност.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|