|
Тимскиот шеф на „биковите“, Кристијан Хорнер, посакува добрата форма на Марк Вебер да продолжи и на наредните трки, откако Австралијанецот успеа да стигне до третата позиција на трката во Валенсија.

Во генералниот поредок, Марк Вебер се наоѓа на втората позиција зад Себастијан Фетел, иако сеуште нема ниту една победа. За разлика од него, неговиот тимски колега забележа шест победи на осумте трки досега и е на најдобар пат да ја одбрани ланската титула.
Според Хорнер, трката во Валенсија била најдобрата на Вебер оваа сезона и се надева дека во ист стил ќе продолжи и на Силверстоун и наредните трки кои следуваат.
„Ова беше најдобрата трка на Марк сезонава со такви пневматици. Во Валенсија тој беше најблиску до Фетел оваа сезона. Возеше одлично цел викенд и заслужено стигна до третата позиција.“ - изјави Хорнер. „Се надевам дека моментумот ќе биде задржан и така ќе продолжи на наредните трки.“
„Не е тајна дека на меките пневматици има поголеми проблеми отколку Себастијан, но мислам дека сега подобро ги разбира. Доколку ги забележите времињата, ќе видите дека тој постојано беше на четири до пет секунди разлика од момците пред него.“
„Мислам дека неговата самодоверба ќе биде многу поголема по овој викенд.“ - заврши Британецот.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|