Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Red Bull знае зошто Ferrari е „флексибилен“
28.11.2011

Флексибилноста на предното крило беше енигма за Ferrari се до трката во Кореја, кога Италијанците излегоа со предно крило кое дури беше премногу флексибилно. Сепак, во Red Bull се има одговор...

massa-ad-1-2011-1

на се, дури и за проблемите на Маса на последните неколку трки, кои што истите ги имал и Марк Вебер.

Завршниот дел од сезоната е добра можност за тимовите да тестираат нови делови кои би се нашле на болидот од наредната сезона. Најактивни на тоа поле се Италијанците од Ferrari, кои на последните неколку трки го тестираа новото предно крило, кое им задаваше премногу главоболки поради големата флексибилност.

Најголем проблем со новото крило имаше Фелипе Маса, кое беше премногу флексибилно, па така краевите многу често се допираа со подлогата. Red Bull потврди дека слични проблеми се јавиле и кај нив во Абу Даби, а Марк Вебер се соочил со истиот проблем дури и на Сузука.

Германскиот „Ауто мотор унд спорт“ тврди дека во таборот на „биковите“ се има едноставно решение од каде произлегува преголемата флексибилност на предното крило.

„Преголемата флексибилност обично се јавува на крајот на правците, кога DRS системот работи во полна сила, а тоа значи дека аеродинамичкото оптеретување се префрла на предниот дел од болидот,“ - објаснуваат од „Ауто мотор унд спорт“. „Понатаму, ако притисокот во пневматиците е понизок од предвиденото, болидот започнува да потскокува.“

Дали советите на Red Bull пренесени од германскиот медиум ќе му помогнат на Ferrari?

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook