Get Adobe Flash player
Renault виновен, но нема казна за тимот
08.12.2007
renault-r27-f1-car.jpgСветскиот совет за мотоспорт на FIA вчера во Монако спроведе распит во врска со шпијунирањето на тимот на McLaren од Renault и консатира дека е виновен, но не го казни.

Renault поседувал доверливи информации кои му припаѓале на Mclaren и со тоа го прекршил интернационалниот спортски кодекс.

Интересно е што FIA откри направилности слични како и при првиот распит во веќе фамозната афера Степнигејт, кога McLaren исто така не беше казнет. Во одлуката на FIA се вели: „Нема доволни докази дека најдените информации се користени на начин кој се коси со правилата на светскиот шампионат во Формула 1.

McLaren беше казнет со 100 милиони долари и беше дисквалификуван од годинешниот шампионат за конструктори, но тоа се случи по второто сослушување кога беа најдени нови опипливи докази како e-mail пораките што возачите си ги разменувале меѓу себе.

 

 

 

Facebook