Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault влетува во игра за Раиконен?
22.11.2011

Не се само Williams оние кои го посакуваат Раиконен во својот тим наредната сезона... Тимскиот шеф на Renault, Ерик Булие, потврди дека стапиле во контакт со менаџерите на шампионот од 2007,...

raikkonen-face-3-1-2011-1

а предмет на разговори била можноста Финецот од наредната сезона да седне во црниот болид.

Откако е се поизвесно дека Роберт Кубица нема да се опорави на време за почетокот на наредната сезона, тимскиот шеф на Renault изјави дека Роман Грожан е повеќе од сигурно дека ќе настапува за Renault наредната сезона, додека за другото возачко место во тимот во игра се неколку имиња.

Запрашан за шампионот од 2007 и можноста наредната сезона да го видиме во неговиот тим, Булие одговори: „Што со Раиконен? Веќе ви објаснав како стои ситуацијата со нашата возачка постава за наредната сезона. Можам само да потврдам дека имаше контакт со Раиконен и неговите менаџери.“

„Еве погледнете, ова е повикот кој го добив од неговите менаџери,“ - го крена Французинот својот мобилен, посочувајќи дека последниот повик бил токму од браќата Робертсон кои се менаџери на поранешниот возач на Ferrari, McLaren и Sauber.

Речиси повеќе од сигурно е дека Витали Петров ќе биде оној кој ќе извиси наредната сезона, иако Русинот го има договорот во своите раце. Моменталниот возач на Renault преку медиумите остро го критикуваше тимот, а за евентуалните лоши последици за неговиот „престој“ во Енстоун, одговор даде неговата менаџерка, Оксана Косаченко.

„Некои чекори веќе беа превземени. Можам само да кажам дека тимот ја ограничи неговата слобода кога се во прашање медиумите и изјаснувањето.“ - истакна Русинката.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook