|
28.02.2008 |
Долгогодишниот шеф на McLaren, а во
минатот и сопственик Рон Денис доби отказ и повеќе не е извршен директор на
компанијата чие целосно име гласи McLaren F1.
На негово место ќе дојде неговиот досегашен заменик
Мартин Витмарш, а одлуката за вакво преструктуирање на одговорните луѓе во
копманијата дојде од партнерот, кој го има поголемито пакет од акциите, Mercedes-Benz.
Наводно одговорните во Мercedes, кои
наскоро сакаат комплетно да го превзедат тимот од Вокинг, се лути на Денис
поради непослушност и инволвирање на тимот во шпијунската сага која на крајот
од сезоната го чинеше многу пари и најверојатно двете шампионскититули.
Сепак, Денис нема целосно да би де исфрлен од тимот кого
успешно го водеше од раните осумдесети од минатиот век, но се очекува неговото
следно работно место да не биде некоја раководна функција која ќе носи
круцијални одлуки.
Денис сеуште поседува 15 проценти од акциите на McLaren, додека
остатокот од акциите е поделен меѓу Мercedes и компанијата Mansour
Ojjeh од Бхареин.
|