Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Розберг бил интересен за McLaren
23.11.2011

Многу лесно, McLaren, а на Mercedes, би можел да биде тимот каде што Розберг ќе ја продолжеше кариерата по напуштањето на Williams. Возачот на „сребрената стрела“ откри дека додека бил во тимот...

rosberg-kaciga-1-1-2011-1

на Сер Френк Вилијамс, интерес за негов ангажман покажал тимот до Вокинг.

„Додека бев во Williams, постоеше можност да преминам во McLaren, но иако тие покажаа интерес за мене, јас имав договор со тимот и знаев дека неможам така лесно да ги напуштам,“ - откри Розберг.

Синот на Кеке Розберг оваа сезона беше поврзуван со трансфер во Ferrari, но Германецот истакна дека е среќен во Mercedes, додавајќи дека токму неговиот тим и компанија е исто толку големо име во мотоспортот како Ferrari.

„Дефинитивно, дури можеби и поголемо,“ - одговори Розберг на прашањето дали Mercedes е големо име во мотоспортот како она на Италијанците од Маранело. „Гледам видеа на Фанџо и неговите настапи во 50-тите и се повеќе се уверувам во големината на Mercedes во мотоспортот.“

„Сум кажал и претходно, мојот сон е да победувам со Mercedes.“ - заврши Германецот.

Колку за потсетување, Нико Розберг сеуште нема забележано победа во најбрзиот октански циркус на светот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook