Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Розберг бил во Маранело?
04.11.2011

Шпекулациите дека Розберг наскоро ќе го видиме во црвено добиваат на интензитет оваа недела, а од Германецот ни трага ни глас по ова прашање. Според нови инсајдерски информации,...

rosberg-mediumi-1-2011-1

пред трката во Индија, Германецот бил во Маранело на барање на Италијанците кои го посакуваат во црвениот болид веќе од наредната сезона.

Доколку се прашувате како би било тоа возможно, откако Розберг, а и Маса веќе ги имаат договорите за наредната сезона со Mercedes, односно Ferrari во раце, одговорот „лежи“ токму во договорите. Според германските медиуми, постои клаузула во договорот на Розберг која му овозможува заминување од тимот на една сезона пред истекот, односно веќе од наредната сезона. Во случајот на Маса, Италијанците „подучени“ од раскинот на договорот со Раиконен, многу лесно би можеле да го изведат истото.

Дополнително масло на огнот додава отворената критика на Розберг кон „своите“ по според него, погрешната тактика која што Mercedes ја одбрале за него. Германскиот „Експрес“, водени од инсајдерски информции, откриваат дека Розберг бил во Маранело, а неговото место во Mercedes за наредната сезона е доведено во прашање.

„Розберг пред една недела беше во Маранело, бидејќи Ferrari го посакуваат во своите редови,“ - истакна анонимниот инсајдерски извор од Mercedes. „Не би можел да коментирам дали тој би возел веќе од наредната сезона, бидејќи се работи за долгорочни планови.“

Покрај тоа, Лука ди Монтеѕемоло бил изнервиран од Фелипе Маса и неговиот потег во неделата, кој што доведе до нов инцидент со Хамилтон. Таквата ситуација во Ferrari според „Експрес“ води кон нетрпеливост со Бразилецот, кој веќе две сезони е далеку од посакуваната форма. Според Еди Џордан, ваквиот развој на настаните би требал да го загрижи Маса и неговиот престој во Ferrari наредната сезона.

„Маса треба да биде внимателен бидејќи има многу таленти на повидок. Да, тој има договор со тимот, но во Ф1 ништо не е сигурно.“ - заврши Еди Џордан.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook