|
Пред финишот на оваа сезона повторно се актуелизираат најавите за можен трансфер на Розберг во Маранело по завршувањето на идната сезона. Германскиот таблоид „Експрес“...

открива дека Розберг и неговите менаџери работат на трансфер на Германецот во Ferrari, незадоволни од прогресот на германскиот тим во овие две сезони.
Иако Рос Браун и Норберт Хауг во Индија порачаа дека посакуваат да ја задржат моменталната возачка двојка и по истекот на нивните договори во 2012, германските медиуми најавуваат „нож во грб“ од помладиот возач. Сепак, Норберт Хауг, мотоспорт директорот на Mercedes додаде дека пазарот е отворен и секој може да премине онаму каде што посакува.
„Во денешно време, грешката што секој возач треба да ја одбегнува е да го одбере погрешниот тим во погрешно време,“ - истакна Хауг.
Според германскиот „Експрес“, Розберг ќе биде замената на Фелипе Маса, откако повеќе од очигледно е дека наредната сезона ќе му биде последна во црвениот болид. Италијанците од Ferrari не се „откажуваат“ од Маса, но притисокот кој што Бразилецот го има од својот тим, кој што бара многу подобри резултати од него е причината поради неговото лошо возење во последниот период и инцидентите со Луис Хамилтон, посочи Мартин Витмарш.
Медиумот од Германија исто така најавува дека иако Mercedes го има потврдено Розберг за наредната сезона, неговото место виси за 2013, а неговите менаџери веќе му бараат нова средина.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|