|
Прогнозите за потешка трка од квалификациите кои што вчера ги даде не се остварија, бидејќи самиот по трката потенцираше дека денешната победа била премногу лесна поради фантастичниот...

перформанс.
Водството на Фетел траеше од првиот метар па се до крајот на трката, но иако Џенсон Батон беше на само неколку секунди зад него, Германецот никогаш не беше загрозен од својот наблизок ривал оваа сезона.
„Ова беше многу добра трка за нас и јас уживав во секој момент како лидер. Џенсон беше на четири секунди зад мене, но по секој пит стоп тој беше секогаш поблиску,“ - истакна Фетел. „Не знам зошто, но иако притискав по секој пит стоп, тој беше поблиску до мене. Ќе треба да ја анализираме таквата ситуација.“
„Круцијалното на денешната трка беше да се сочуваат пневматиците, па бидејќи успеав во тоа, мислам дека ова беше трка која беше како подмачкана за нас. Се на се, ова беше фантастичен перформанс.“
Фетел во својата изјава на прес конференцијата по трката ги спомена своите колеги кои изминатите две недели ги загубија своите животи, поради кои неговата радост ова попладне нема да биде иста како на претходните.
„Имам многу измешани емоции во моментов, да бидам искрен. Во една рака, се радувам поради победата на дебитантската трка во Индија и мислам дека како тим треба да бидеме горди на неа, но во друга рака, не треба да ги заборавиме инцидентите претходниот викенд каде што изгубивме двајца наши колеги,“ - продолжи Фетел. „Велдон не го знаев, но очигледно беше големо име во мотоспортот. Симончели го запознав оваа година и сите наши мисли се кон него и неговото семејство.“
„Да, ние сме подготвени на сите ризици кои што ги носи овој спорт и пред секое седнување во кокпитот се молам ништо лошо да не се случи, но понекогаш такви настани не потсетуваат и тоа е последното нешто што сакаме да го видиме.“ - заврши актуелниот шампион.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|