|
Пред точно дваесет години, Сена ја освојува неговата трета и последна шампионска круна во Ф1, носејќи им радост на милиони негови фанови низ целиот свет. Дваесет години подоцна,...

светот го очекува „оживувањето“ на својот вечен идол во компјутерска игра, која треба да пристигне во 2012 година.
Спротиставувањето на големите предизвици во болиди кои биле многу потешки за управување од денешните се само неколку од многуте карактеристики на иконата на овој спорт, а со кои ќе можат да се спротистават и неговите фанови преку новата компјутерска игра.
Бразилската компанија „Реиза“ на фановите на Сена и Ф1 им овозможува „соживување“ со предизвиците на бразилскиот возач на неколку патеки низ светот, преку компјутерска игра за Windows оперативните системи. Бразилската компанија која што ја креира играта веќе на неколку пати ги докажа своите квалитети во оваа област, а тркањето и мотоспортот се едни од нејзините појаки страни.
Проектот на кој работи „Реиза“ се состои од креирање на компјутерска игра, која на фановите ќе им ги доближи сите потешкотии со кој се соочувал Аиртон Сена. Ф1 фанатиците ќе можат да го управуваат болидот во стилот на возење кој го преферираше трикратниот светски шампион.
Она што ја прави оваа компјутерска игра уште поспецијална е што дел од паричните средства кои што бразилската компанија ќе ги оствари, ќе одат во Институтот кој го основал Бразилецот, а кој им помага на над два милиони деца низ Бразил во нивното образование.
Играта е сеуште во развоен процес, а се очекува нејзиното излегување да биде при крајот на наредната година.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|