Get Adobe Flash player

Шефот на Williams бара радикални промени во Ф1
12.03.2008
patrik-head-f1-williams-1.jpgПатрик Хед косопственик на тимот Williams и во моментов во улога на шеф на тимот бара најбрзите болиди да стартуваат одзади што според него ќе ги направи трките поинтересни.

Идејата на Хед е возачот во зависност од освоените подови во текот на сезоната да стартува од последната позиција. Односно тој со најмногу бодови да биде последен, вториот да биде претпоследен и така натаму.

Според него поставувањето на најбрзите болиди назад ќе допринесе за повеќе престигнувања и евентуално за повозбудлива трка бидејќи така возачите ќе мораат да ризикуваат повеќе.

Во интервјуто дадено за BBS, Хед вели: „Би сакал стартната листа да биде направен по обратен редослед од освоените бодови на возчот. Така сите ќе бидат изедначени, а на крајот од сезоната сепак, најдобриот ќе го освои шампионатот.”

По ваквите изјави на Хед злобниците веднаш констатираа дека шефот на Williams уште пред стартот на сезоната ја принзва својата и немоќта на својот тим.

На ова Хед одговара: „Тоа се зборови на пуристите во Формула 1”. И покрај чудното барање тој сака FIA сериозно да го разгледа неговиот предлог и верува дека на овој начин на долги патеки Формула 1 ќе стане многу поинтересна за гледање.

Иако FIA воведе многу измени во правилата како спортски така и технички како што се ограничување во аеродинамиката, развојот на мотори, отстранување на системот за контрола на тракција Хед тврди дека сите тие нема да бидат успешни и покрај спротивното верување на многумина.

 
Get Adobe Flash player