Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Што гледаше Фетел во кокпитот на Алонсо?
28.06.2011

Доколку до пред неколку трки сите „зјапаа“ во болидот на Red Bull обидувајќи се да дознаат нешто од тајната на неговата супериорност, еве една ситуација која е по малку изненадувачка. По завршувањето...

vettel-bolid-alonso-1-2011-1

на квалификациите во Валенсија и паркирањето на болидите во паркинг зоната, беше интересно да се види деталното набљудување на кокпитот на Алонсо од страна на Фетел.

Според познатиот Ф1 новинар Питер Виндсор, актуелниот светски шампион се упатил кон болидот на Алонсо, со цел да открие дали и неговиот болид ја поседува „скриената палка“ (спојка) на задната страна од управувачот, како неговиот тимски колега Фелипе Маса.

Во изминатите денови се шпекулираше дека Ferrari на болидот на Фелипе Маса инсталирал уште една „спојка“, слична на оние од менувачот, со која се подобрува балансот на болидот при сопирање. Иако многумина го оценуваат сопирањето како целосен механички процес, постојат инжинери кои сакаат да ја вклучат и електрониката во него, односно балансот при сопирање да биде управуван преку елетрониката во болидот.

На вакво решение во минатото работеше и McLaren, кои потрошија многу ресурси на креирање на финален производ, кој на крајот и не им помогна во подобрувањето на перформансот. Сепак се чини дека таквиот проект од Вокинг останал во сеќавањата на Пет Фрај, кој минатата сезона премина од McLaren во Ferrari, а кој сега се наоѓа на позицијата главен аеродинамичар, односно одговорен за целовкупната аеродинамика на болидот, освен моторот.

Таквиот проект кој бил во минатото развиван од McLaren имал за цел да го подобри балансот при сопирањето, со влучување на електроника во процесот. При сопирање, возачот притиска на спојката и со тоа се активира системот, а според неколку експерти системот овозможува подоцнежно сопирање пред свиоци.

Така, откако најверојатно истиот систем бил инсталиран во болидот на Маса, Фетел по квалификациите се упатил кон болидот на Алонсо да види дали истиот систем го поседува и Шпанецот. Се поставува прашањето, зошто Фетел се упатил кон болидот на Алонсо веднаш пред заминувањето во прес салата, иако знаел дека сите камери се вперени во него?

Дали одговорот на тоа прашање е да привлече поголемо внимание за овој таен систем на Италијанците, оставаме вие да одлучите.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook