|
Lotus ги потврди Кими Раиконен и Роман Грожан за наредната сезона, а во превод истото значи дека иднината на Роберт Кубица не е во тимот од Енстоун. Околу иднината на Пољакот коментар даде...

и тимскиот шеф Булие, според кого ситуацијата со Кубица е „статускво“ во моментов.
Возачот кој минатиот Февруари се здоби со тешки повреди поради кои дури и и животот му беше доведен во прашање, пред извесно време најави дека најверојатно нема да биде фит за почетокот на сезоната, советувајќи го својот тим да бара нов прв возач. Lotus го ангажираа Раиконен на две години, а покрај Финецот наредната сезона ќе настапи и Французнинот Грожан.
На прес конференцијата по повод официјализирањето на шампионот од GP2 како втор возач во тимот, Ерик Булие запрашан за ситуацијата со Роберт Кубица одговори: „Сеуште е статускво. Не би можел да потврдам дали и понатаму гледам заедничка иднина помеѓу нас и Роберт.
„Би сакале да ги дознаеме неговите планови околу евентуалното враќање, но веќе имаме двајца возачи за наредната сезона.“
Менаџерот на Кубица, Даниел Морели, истакна дека од први јануари неговиот клиент ќе биде слободен возач, бидејќи тимот не го потврдил за наредната сезона.
„Договорот помеѓу нас и Lotus Renault не важи за 2012. Од први јануари, ние ќе можеме да одиме каде сакаме.“ - истакна менаџерот на Пољакот.
Кубица подолго време се поврзуваше со трансфер во Ferrari, но малку веројатно е Италијанците да го ангажираат Пољакот несигурни дека тој е 100% подготвен за настап. Таквите шпекулации беа демантира и од Стефано Доменикали, кој исто така ги демантираше и гласините дека на Кубица ќе му бидат понудени претходните болиди како и патеката во Фиорано за враќање на физичката подготвеност.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|