|
Според седумкратниот светски шампион, природата на новата Ф1 е она што му го отежнило враќањето во кралицата на мотоспортот. Шумахер преку италијанскиот „Кориере дела сера“ се пожали дека...

му недостигаат сезонските тестирања, кои оваа сезона само во еден наврат се враќаат во Ф1.
Човекот кој ги држи сите позначајни рекорди во Ф1, по враќањето, не успеа да се искачи ниту еднаш на подиумот на 38 трки. За неговиот катастрофален кам бек, произлегоа многу шпекулации, но Шумахер денес како многу пати претходно открива нова причина за неуспехот.
„Многумина прашуваат дали мојата заинтересираност за Ф1 не е повеќе иста или ги доведуваат годините во прашање, но јас ќе ги замолам сите тие да престанаат да нагаѓаат,“ - потенцираше Германецот. „Јас многу пати досега бев на чекор до подиумот и токму поради тоа треба да работиме уште понапорно за да успееме да стигнеме до толку посакуваното место.“
„Во минатото, кога возев за Ferrari, имавме многу тестирања каде што можеа да се корегираат грешките. Минатата сезона имав проблеми со пневматиците и никогаш не научив како да ги одржувам коректно во текот на трката. Тоа ми задаваше потешкотии бидејќи на сите петочни тренинзи учев нешто ново за болидот.“
Запрашан дали ќе биде дел од најбрзото друштво на планетава и по истекот на договорот, Шумахер одговори: „Има уште многу долго време до 2013.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|